Honor планира сопствен телефон со екран на преклоп

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот извештај, објавен од Display Supply Chain, ни дава увид што да очекуваме во сегментот на флексибилни телефони. Веројатно најинтересниот детал е што Honor подготвува сопствен телефон со екран на преклоп, кој веројатно ќе се вика Magic Fold.

Уредот ќе користи панели кои се виткаат навнатре, ќе бидат произведени од BOE и Visionox, а се очекува да се најде на пазарот на крајот на годината.

Пред тоа, Vivo и Xiaomi ќе ги претстават своите конкуренти на пазарот на флексибилни телефони, а овие модели ќе го имаат новиот UTG панел на Samsung. Motorola веројатно ќе ја претстави својата верзија на уредот од овој сегмент во 2022 година.

Во извештајот се споменува и дека Samsung Z Fold3 ќе биде првиот телефон со екран на преклоп кој има камера под дисплејот, а исто така ќе биде првиот што ќе го замени тркалезниот поларизатор со пенкало во боја. Ова ќе резултира во намалена дебелина, зголемено осветлување и помала потрошувачка.

Исто така се предлага можна поддршка за S Pen.

Слични содржини