Honor подготвува многу уреди за мобилниот Конгрес

од Vladimir Zorba

Honor подготвува настан за време на Мобилниот Конгрес, кој ќе се одржи на 24-ти февруари под наслов „HONOR’s All-scenario Smart Life Products Launch“. Тогаш очекуваме дека компанијата ќе ја претстави меѓународната верзија на Honor V30 Pro, која веројатно ќе го носи името View 30 Pro.

Заедно со овој модел ќе дебитира и меѓународната верзија на паметниот телефон Honor 9X Pro, лаптопите MagicBook 14 и MagicBook 15, слушалките Honor TWS и специјалното издание на Magic Watch 2.

Honor V30 и V30 Pro, претставени кон крајот на ноември, се првите 5G смартфони на компанијата. Двата телефони се со LCD дисплеј со 6,57 инчи и Full HD + резолуција. Постои отвор за двојна селфи камера, која вклучува сензор 32MP и ултраширокоаголен објектив од 8MP со видливо поле од 105 степени.

И двата уреди користат чипсет Kirin 990, но има неколку клучни разлики во овој поглед. Honor V30 располага со произведениот по 7 nm процес чипсет во комбинација со посебен 5G модем Balong 5000. Pro варијантата се одликува со произведен по 7nm + процес Kirin 990 со вграден 5G модем.

Honor V30 и V30 Pro имаат тројна главна камера која вклучува 40MP Sony IMX600 сензор и ласерски автофокус. Разликата тука е во блендата, која во Pro верзијата е f / 1.6, додека во стандардната – f / 1.8. Главниот сензор V30 Pro има и оптичка стабилизација.

Ова е проследено со 8MP сензор со телефото објектив со 3х оптички зум, f / 2.4 бленда и оптичка стабилизација (OIS), што е идентично и во двата модела. Honor V30 Pro исто така има ултраширокоаголен објектив од 12MP кој е оптимизиран за снимање на видео записи, а кај V30 зад ултраширокоаголната оптика стои 8MP сензор.

Слични содржини