Honor посветува посебно внимание на фотографијата во нејзината нова серија смартфони (ВИДЕО)

од Vlatko K

Honor, подбрендот на кинеската компанија Huawei Technologies, ја претстави новата линија паметни
телефони Honor 20, вклучувајќи три уреди – Honor 20, Honor 20 Pro и Honor 20 Lite, со кои се
обложува, пред се, на фотографското искуство на корисниците.


Телефоните имаат четири камери и секоја нуди поинаква перспектива. Главната камера на Honor
20 и 20 Pro е 48 MP со сензор SONY IMX586, а на Pro моделот блендата е f / 1.4. Исто така е вклучена
16MP супер-широкоаголна камера од 16MP со 117 степени FOV.

Pro верзијата вклучува 8MP телефото објектив со оптичка стабилизација и 3x оптички зум.
Стандардната верзија ја заменува телефото леќата за 2MP длабочински сензор. Двата паметни
телефони вклучуваат 2MP макро камера.

Предната камера на сите три уреди е 32 MP, со бленда 2.0. Камерата на Pro и на стандардната
верзија е позиционирана во исечен круг во екранот, додека кај Lite е во форма на капка на
средината.

Верзијата Lite има тројна задна камера, главната е со 24 MP. Исто така е вклучена опција за
широкоаголни снимки. Екранот е 6,21-инчи.

Pro верзијата нуди ласерски автофокус, за да може да реагира точно и брзо во однос на сниманиот
објект и ја забрзува стапката на автофокус при полоша осветленост.

Следејќи ги храбрите чекори на Huawei, Honor се потпира на вештачка интелигенција за
подобрување на квалитетот на фотографиите. При селфи камерата тој се користи првенствено за
понудата на повеќе детали, како и за поприроден ефект при различна светлина, додека
истовремено сликите остануваат зумирани.

Откако компаниите од секторот го забавија значително темпото на иновации во последните години,
денес битката кај камерите е првенствено во ноќниот режим. Го видовме тоа кај Mate 20 Pro, а
малку подоцна и кај Galaxy S10 Plus, па е логично и Honor да се приклучи кон нив. Во случајот,
компанијата се обложува на нешто што се нарекува AIS Super Night Mode, за да понуди подобри
слики при слаба светлина. Технологијата ги анализира движењата на камерата и интелигентно
избира и комбинира различни кадри, користејќи алгоритам за видео со помалку бучава, подобри
бои и подобра осветленост.

Идејата е дека пред самото снимање, уредот детектира дали корисникот снима од рака, за да
понуди максимално добра слика.

Слични содржини