Honor View 20 ќе има предна камера, изградена во екранот, и 48MP задна камера

од Vlatko K

Huawei официјално ги претстави деталите за новиот Android паметен телефон наречен Honor View 20.

Уредот ќе понуди уникатна комбинација на функции и официјалната презентација ќе се случи на 22 јануари.

На овој датум, компанијата ќе одржи специјален настан во Париз, на кој ќе ја претстави европската премиера на паметниот телефон. Honor 20 ќе биде опремен со импресивна камера од 48MP позади, а ќе има и сензор за селфи во предниот дел, интегриран во самиот дисплеј.

Најголемиот интерес несомнено го предизвикува малиот отвор во горниот агол каде се наоѓа предната камера.

Овој дизајн допрва треба да се користи од производителите на паметни телефони, но Huawei ќе ги надмине конкурентите во популаризирањето.

Според компанијата, дупката сама по себе е околу 4,5 милиметри во големина, што е значително помалку од 6 милиметарскиот слот, што очекуваме да го видиме во други уреди со сличен изглед на пазарот.

Honor View 20 исто така ќе користи процесор Huawei Kirin 980.

Со овој чип, корисниците ќе можат да извлечат максимум од камерата. Архитектурата нуди специјализирана единица за невронско процесирање, како и режим за снимање од 48MP AI HDR.

Дисплејот на Honor View 20 се очекува да го заземе целиот простор на предната страна, што ќе биде уште една возбудлива карактеристика на паметниот телефон.

Долгоочекуваниот наследник на Honor View 10 најверојатно ќе биде достапен во Европа по цена од околу 580 долари.

Слични содржини