Хорнер: Верстапен е талентиран како Фетел

од Vlatko K

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер прокоментира за медиумите дека го смета Макс Верстапен за исто толку талентиран, како и Себастијан Фетел во времето кога тој се натпреваруваше со болид на австрискиот тим.

„Макс е многу талентиран пилот, кога е во болидот, тој се бори како лав. Но тој всушност ме потсетува на Фетел, дури по тоа како влегува во машината. При тоа, тој се уште е млад. Во годините за Ред Бул, Себастијан се справуваше фантастично со своите обврски, тој знаеше дека дури и да е многу талентиран, најважно беше да се труди напорно за да стане најдобар. Тој ги анализираше своите ривали и нивните слабости“, изјави Хорнер.

„Себастијан комуницираше со механичарите, конструкторите и со инженерите, тој сакаше да го разјасни концептот и филозофијата при создавањето на болидот. Тоа многу му помогна – во 2012 година тој стана совршен пилот. Дали Макс ќе биде истиот пилот? Сигурно не, но тој има навики, за да стане повеќекратен светски шампион. Новата генерација пилоти како Макс и Леклер ни носат големо задоволство. Важна е и техниката, фокусот треба да е врз пилотите и нивните квалитети, а не на технологијата“, додаде тој.

Слични содржини