Хорор на карневал во Германија: Сребрен мерцедес улетал во толпа луѓе, има повредени (фото)

од Nikola Popovski

Сребрен мерцедес влегол во толпа од луѓе за време на парадата во германскиот град Фолксмарсен во понеделникот, според полицијата, при што повредени се 15 лица.

Инцидентот се случил околу 02:30 часот по локално време, за време на карневалската парада во градот, кога сребрена кола, марка „Мерцедес“, ја пробил оградата и влегол во толпата луѓе, јавуваат германските медиуми.

Додека полицијата го испитува инцидентот, останува непознато дали возачот намерно се влегол во толпата. Во исто време, според германските медиуми, повикувајќи се на сведоци, возачот првенствено сакал да прегази деца и влегол околу 30 метри во масата од луѓе.

Слични содржини