Хорор повреда: Хисај падна на глава, на носила изнесен од терен

од desk2

Фудбалерите на Торино и Наполи ги поделија бодовите на стадионот „Олимпико“ во рамки на седмото коло на Серија А, откако одиграа без погодоци, а мечот го обележа тешката повреда на Елсеид Хисај.

Десниот бек на Наполи и репрезентативец на Албанија доживеа тежок пад во 30-тата минута од денешниот натпревар.

Хисај скокна во борба за топката со противникот Кристијан Ансалди, но потоа се преврти преку неговиот грб.

Иако Ансалди се обиде да му помогне да го ублажи падот, фаќајќи го за половината, играчот на Наполи падна на глава, што се покажа како сериозна повреда бидејќи неколку минути подоцна беше изнесен на носила од теренот.

*Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири

Хисај пред четири години стигна во Наполи, кој го купи од Емполи за 5 милиони евра. Оваа сезона има запишано само 20-тина минути игра во Серија А.

Уште не е познато каква е точно повредата и во каква состојба се наоѓа Хисај.

Слични содржини