ХОРОР ПОВРЕДА: ММА борец го изгуби прстот среде борба (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

ММА е суров и тежок спорт, а покрај неверојатни борби може да забележиме и ужасни повреди.

Такво нешто се случи на натпреварот помеѓу Кетаг Плијев и неговиот ривал Девин Гудејл, што предизвика прекин на натпреварот. Имаше пауза помеѓу втората и третата рунда бидејќи Плијев остана без прст.

Најбизарен момент е фактот дека борецот ја забележал повредата едвај во паузата помеѓу двете рунди.

За време на паузата, Плијев забележал дека му недостасува дел од левиот прст на левата рака и побарал лекарска помош. Лекарите на почетокот не биле во можност да го пронајдат делот од прстот, но подоцна забележале дека е во ракавицата.

По интервенцијата на лекарот, тој сакал да ја продолжи борбата, но тие не му дозволиле.

Беше најавено дека натпреварот ќе биде анализиран со цел да се утврди како настанала повредата, бидејќи никој не го забележал тој момент.

Канадскиот борец, кој потекнува од Русија е пренесен во болница, каде му е зашиен прстот, а лекарите веруваат дека целосно ќе се опорави.

Победата отиде кај Гудејл и се третираше како технички нокаут.

Снимката ја прикажува споменатата сцена, која има вознемирувачка содржина.

Слични содржини