ХОРОР ВО БРАЗИЛ: Лекарите приморани да интубираат пациенти без седативи

од Stefanija Kuzmanovska

Извештаите што се појавуваат во Бразил велат дека здравствените работници биле приморани да интубираат пациенти без седативи, неколку недели откако болниците и бразилските власти предупредија дека здравствениот систем останува без клучни лекови и помагала.

Лекар од болницата „Алберт Швајцер“ во Рио де Жанеиро денес за „Асошиејтед Прес“ изјави дека здравствените работници со денови разредуваат седативи за да им траат подолго залихите.

Кога ќе останат без седативи, медицинските сестри и лекарите почнуваат да користат невромускулни блокатори и да ги врзуваат пациентите за кревети, додаде докторот, кој не сакаше да го открие неговото име.

Недостатокот на медицинска опрема е најновиот проблем во Бразил, кој се соочува со сериозни последици од пандемијата на ковид-19, а бројот на смртни случаи на дневна основа е околу 3.000, и прави четвртина од смртните случаи на глобално ниво, поради што ова Јужноамериканска земја е епицентарот на пандемијата.

Слични содржини