Хорор во Флорида: Напаѓач уби четворица, меѓу кои и мајка со бебе

од Nikola Popovski

Четири лица беа убиени рано утрово, вклучително и мајка со бебе во рацете, во пукање во Флорида, а осомничениот напаѓач бил толку агресивен што се обидел да извади пиштол од полицијата во болницата, откако бил уапсен, соопшти локалната полиција.

Шерифот на округот Полк, Грејди Џад изјави дека неидентификуваниот осомничен носел панцир кога бил пронајден пред куќа во Лејкленд, пренесе АП.

По размената на оган со полицијата, кога биле испукани стотици куршуми, рече Џад, властите влегле во куќата и пронашле 11-годишно девојче со повеќе рани од огнено оружје, тројца загинати, меѓу кои и мајка која се уште го држела своето дете. Убиена е и една жена во соседната куќа.

Кога осомничениот ќе се опорави од повредите, ќе биде префрлен во затвор, каде го очекува обвинение, наведува АП.

Слични содржини