ХОРОР ВО ХОЛАНДИЈА: Полицаец прободен во лицето додека идентификува две момчиња

од Stefanija Kuzmanovska

Полицаец во северниот холандски град Гронинген бил прободен со нож во лицето кога се обидел да идентификува две млади момчиња кои го прекршиле полицискиот час, соопшти градската полиција.

Полицаецот бил пренесен во болница со сериозна повреда на лицето, наведоа оттаму.

По синоќешниот инцидент двете момчиња побегнале, а полицијата упати апел до можните сведоци да помогнат за да бидат фатени сторителите.

Холандија воведе полициски час од 21 до 4.30 часот на крајот на јануари, што предизвика немири, но тој генерално се почитува низ целата земја.

Слични содржини