Хорор во Хрватска: Во семејна куќа пронајдена мртва жена, едно лице уапсено

од desk4

Во тек е истрага на местото на инцидентот, предводена полицијата во Сисак

Полицијата во Сисак, Хрватска извести дека околу 13 часот и 20 минути добила дојава дека во семејна куќа во градот Петриња е пронајдено безживотно тело на жена и дека постои сомнеж за насилна смрт. Лице поврзано со овој настан е уапсено и е под полициски надзор.

Во тек е истрага на местото на инцидентот, предводена од полицијата во Сисак. Повеќе детали за овој инцидент ќе бидат познати по завршување на кривичната истрага.

Слични содржини