Хорор во Индија: 9-годишно девојче било убиено и силувано, еден од осомничените е свештеник

од Nikola Popovski

Во индиската престолнина веќе четири дена има протести поради наводно силување и убиство на деветгодишно девојче, пренесува „Индекс.хр“.

Според полицискиот извештај, девојката отишла по вода во крематориумот во близина на нејзината куќа во Делхи во неделата, кога била убиена. Нејзиното семејство вели дека сторителите го кремирале нејзиното тело, пишува „Скај њуз“.

Властите наредија истрага за случајот, која е поврзана со можно силување и убиство. Полицијата фати четворица мажи. Тие се соочуваат со обвиненија за силување, убиство и заплашување.

Семејството на девојчето изјави дека еден од наводните силувачи бил хинду свештеник. Девојчето припаѓало на заедницата Далит, најниската каста во индиската хиндуистичка хиерархија.

Во Индија, беа регистрирани повеќе од 32.000 силувања во 2019 година, но експертите веруваат дека бројките се многу поголеми, бидејќи многу силувања не се пријавени поради конзервативната средина. Исто така, имаше повеќе од 100.000 киднапирања на жени, од кои една третина се однесуваа на принуден брак.

Слични содржини