Хорор во Кина: Влегол во градинка и ги полеал децата со опасна материја

од Aleksandar Petrovski

Најмалку 51 дете е повредено во југозападна Кина кога 23-годишник влегол во градинка и ги нападнал децата со натриум хидроксид.

Нападот се случил вчера попладне во градот каијуан во провинцијата Јунан. Освен децата повредени се и три воспитувачки.

Напаѓачот е уапсен еден час по инцидентот. Си Ен Ен пишува дека тој фрлил хемикалија заради освета на општеството.

Натриум хидроксид познат е како каустична сода и се користи во индустријата за вештачки влакна и свила, текстилната индустрија, како и во производството на сапуни и останати средства за перење.

Слични содржини