Хорор во Мексико: Во кафуле пронајдени 11 тела 

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 11 лица беа убиени во напад на вооружени лица во кафуле во мексиканската држава Гванахуато, соопшти обвинителството на таа држава.

Телата на убиените биле пронајдени во кафуле во близина на градот Харал дел Прогресо. Областа каде што се случил нападот е во близина на границата со мексиканската држава Мичоакан, а картелот „Халиско“ се обидува преку него да влезе во Гуанахуато.

Локалните медиуми објавија дека убиените жени веројарно биле танчерки во еден бар, кој се наоѓа веднаш до автопатот. Засега нема информации за можниот мотив за нападот, но се чини дека инцидентот е поврзан со нарко банди.

Гуанахуато е земја со најчести случаи на насилство во Мексико во последните неколку години, но властите се надеваат дека ќе го намалат насилството по апсењето на водачот на бандата „Санта Роса де Лима“, Хозе Антонио Џeепез Ортиз.

Во Гуанахуато беа убиени 339 лица во август, а 403 еден месец претходно.

Слични содржини