ХОРОР ВО НИГЕРИЈА: Вооружени напаѓачи киднапирале студенти

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружени лица упаднале на колеџ во Нигерија рано утрово и киднапирале многу студенти, изјави за „Ројтерс“ портпарол на гувернерот, кој не го прецизираше бројот на киднапирани студенти.

Напаѓачите упаднале во државниот колеџ за науки во областа Кагар и го совладале обезбедувањето, по што ги одвеле студентите, велат локалните жители.

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари го осуди нападот и киднапирањето и им нареди на безбедносните служби да спроведат операција за спасување.

Сè уште не е познато кој е одговорен за нападот и киднапирањето.

На северот на Нигерија активни се екстремистите од исламистичката група Боко Харам, како и Исламската држава, како и други вооружени групи.

Да потсетиме, во декември минатата година, повеќе од 300 ученици беа киднапирани од нивното училиште во северозападна Нигерија.

Терористичката организација Боко Харам тогаш ја презеде одговорноста за нападот врз училиштето.

Слични содржини