Хорор во Русија: Двајца мажи се возеле во кола, а потоа пропаднале во дупка со жешка вода (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Двајца Руси буквално „живи се свариле“ кога нивната Лада неочекувано паднала во дупка полна со жешка вода која се отворила во рускиот град Пенза.

Двајцата мажи починале на лице место бидејќи биле заробени во колата.

Вознемирувачките фотографии покажуваат како дигалката ги извлекува нивните тела, заедно со автомобилот пишува Дејли Мејл.

Оваа несреќа се случила кога пукнала цевка со жешка вода под паркингот.

„Каков ужасен начин да умре некој-Во еден момент возиш автомобил, а во следниот се давиш во подземна жешка вода“, изјавила една жена која се нашла на местото на трагедијата.

Слични содржини