Хорор во зоолошка градина во Делхи: Тигар му пресуди на момче (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шокантна снимка покажува човек кој е заробен во ќош од тигар додека преплашените набљудувачи фрлаат со камења по гладниот ѕвер во очајнички обид да му го одвлечат вниманието.

Според вработените во зоолошката градина во Делхи, момчето, идентификувано како 20-годишниот Максуд, ја прескокнал оградата.

Сепак, очевидци тврдат дека младиот човек се лизнал.

– Се чини дека ѕверот извесно време си играше со пленот пред да нападне – изјавиле очевидците.

На видеото се гледа како тигарот по име Виџеј со забите го зграпчува вратот на момчето и го повлекува.

– Во близина на оградениот простор тогаш немаше чувари. Изгледа дека момчето ја прескокна оградата. Не знам што се обидуваше да направи- изјави очевидецот Пракаш Кумар.

Телото на жртвата било пронајдено речиси два часа подоцна, кога персоналот успеал да го оттурне животното.

Претставниците на зоолошката градина инсистираа дека дале се од себе за да го спасат момчето и ги негираа наводите за прекршување на должноста од страна на чуварите.

Слични содржини