Хороскоп: Кој не престанува да збори на телефон, а кој претпочита да „куцка“ пораки

од Stefanija Kuzmanovska

Еве со кои знаци на Зодијакот можете „бескрајно долго“ да разговарате, а кои повеќе би сакале да се допишуваат отколку да разговараат!

ОВЕН

На Овенот му се допаѓаат кратки разговори, тој не е заинтересиран за некои предолги објаснувања. Не му е лесно да разговара со луѓе кои сакаат долго да зборуваат, тој е отсечен и јасен. Не претерувајте кога разговарате со него затоа што тој лесно може да ви спушти слушалка.

БИК

Бикот сака да зборува на телефон, но понекогаш му е полесно да се допишува. Тоа му дава слобода да пишува кога тој сака. Не секој повик го нарушува неговиот мир, а воглавно звукот за ѕвонење му е намален на минимум. Не е лесно да го добиете Бикот, ако тој има некоја важна работа или ужива. Затоа е подобро да го прашате кога можете да го повикате. Тој единствено има трпение за љубовни разговори со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се „половина човек – половина телефон“. Тие не го испуштаат телефонот од раце. Не е лесно да се изназборат со сите и секогаш имаат неограничени минути за да ја задоволат нивната потреба за разговор. Ако не ви се допаѓа да зборувате по телефон, мора да им го потенцирате тоа, но можно е да не можат да ве разберат. Тоа е како воздух за нив, па сметките секогаш се големи.

РАК

Раковитр сакаат дури и фиксни телефони. Што значи дека мобилниот телефон „се претвора“ во фиксен. Тие сакаат да се фокусираат на разговорот, не само да го прават тоа како да е деловен разговор. Им се јавуваат на блиските луѓе кога имаат што да им кажат, не цело време. Како ќе се одвива разговорот зависи од нивното расположение, па затоа оставете тие да ви се јават.

ЛАВ

Ако некој, покрај Близнацит,е го сака телефонот тоа е Лавот. Се јавуваат на другите да им кажат што им се случило, но исто така прашуваат што има ново кај лицето со кое разговараат, затоа што тој навистина е заинтересиран за сè. Тој сака да се дружи, и некако така го разбира разговорот. Ако веќе не може да се види некого, тој може барем да се слушне. Лавот прави огромни телефонски сметки. Сепак, нема да можете да го добиете лесно, но тој ќе ве повика.

ДЕВИЦА

Девицата не се оптоварува со телефонот. Доста е една минута, две пораки. Ако нема нешто паметно да ви каже, нема ни да ве повика. Сепак, многу работи чува во себе, па затоа го кажува само она што смета дека е важно. За неа е полесно да напише порака и да се договори, па потоа да зборува во живо за она што е важно.

ВАГА

Вагата сака да се јави и да ѝ се јавуваат. Односите со другите се многу важни за неа и таа има многу пријатели и познаници. Не е важно со кого се слушнала тој ден, но важно ѝ е да разговара одредено време на телефон. Таа има потреба да ги сподели убавите настани во нејзиниот живот со другите, да се консултира и секогаш е тука за љубовните и другите проблеми на нејзините пријатели, па телефонот ќе ѝ послужи како средство.

СКОРПИЈА

Ноќните разговори и разговорите на важни теми се нејзините омилени. Скорпијата со нејзиниот партнер може да зборуваат за сè до бескоченост, да се допишуваат, да испраќаат аудио пораки, ништо не е тешко за неа. Понекогаш тие ќе разговараат доцна во ноќта ако не се заедно во моментот. Ако нешто е важно и итно, таа може да повика некого без претходна најава и во секој случај не сака да пречи и да ги вознемирува другите, доколку тоа не е неопходно. Ова не се важи само ако станува збор за семејството, затоа што тогаш сè мора да се знае и не смее да се пропуштат информации.

СТРЕЛЕЦ

Тој многу сака да зборува. Нема крај на приказната. Тој може само да ве повика да ви каже што се случило со него, па дури и да не праша како сте. Тоа не е затоа што тој не е емпатичен, туку е искрен и тој навистина не е заинтересиран за ништо во моментот. Значи, ако имате Стрелец во околината, не му замерувајте. Се разбира, тој секогаш се обидува да сослуша, да пренесе добри вести или да ги објави.

ЈАРЕЦ

Јарецот сака да се договори кога ќе се видите, кога може да организира настан или да прашате нешто поврзано со некоја обврска. Сепак, тој не сака долги разговори, освен ако има голем проблем и мора да се пожали на некого. Ако се оди добро, сепак е деловен и краток.

ВОДОЛИЈА

Водолијата сака да разговара со луѓе кои се интересни за неа, кои сакаат да слушаат, но и да се доверат. Можеби нема да може да го каже во живо она што го кажува преку телефон. Вака ѝ е полесно да се отвори. Редовно се слуша со пријатели и роднини, но кога таа се јавува. Сепак, можеби ќе се најдете во ситуација да ја повикате, но да биде во гужва и да не може да ви посвети време. Ќе ви се јави таа подоцна.

РИБИ

Рибите не сакаат да зборуваат по телефон, тие претпочитаат пораки. Секогаш се тука кога треба да сослушаат некого, да дадат совети, но не сакаат да се жалат премногу, затоа што мислат дека нема потреба од тоа. Се обидуваат да бидат љубезни дури и кога не сакаат да зборуваат. Тие се многу пријатни и никогаш не знаете дали навистина се заинтересирани за нештото што го кажувате или не. Ви се јавуваат во случај да сте број за итни случаи или многу близок член на семејството.

Слични содржини