Хороскопски знак кој најчесто се РАЗВЕДУВА: Причината за тоа не лежи во НЕВЕРСТВОТО, туку во нешто сосема друго!

од Vladimir Zorba

Сите бракови започнуваат со најдобри намери, но често се случува брачниот живот да не му го обезбеди на партнерот она што го очекувал и на кој се надевал. Еден знак од Зодијакот најчесто доживува колапс на брачната заедница.

Според хороскопот, мажите родени во знакот Водолија се најмногу склони кон развод.

Причината не лежи во неверството, туку во нивната желба за слобода и независност.

Имено, пријателството и љубовта се подеднакво важни за Водолијата. Понекогаш знаат да го идеализираат партнерот, но главно се рационални. Вложуваат многу во врската и постојано ја збогатуваат со нови нешта. Тие не се сентиментални или лажливи во врската. Тие претпочитаат пријателство отколку трајни и обврзувачки заедници.

Честопати им е тешко да се одлучат за брак. Тие не се премногу страсни и не сакаат „да се дадат“ до крај. Очекуваат партнерот да им угоди и да размислува по нивно.

Не очекувајте мирна и мазна врска со Водолија. Отпрвин ќе ве преплави со внимание, но штом ќе помине возбудата, ќе бидете „откачени“ без церемонија, освен ако не сте доволно паметни љубовта да ја претворите во пријателство.

Иако брачниот однос не им одговара, сепак трајно се врзуваат, но потоа бараат целосна слобода. Тие се многу толерантни кон својот сопружник, но доколку им попречи во најважното – слободата, Водолијата без многу размислување ќе реши да се разведе.

Слични содржини