Хороскопски знаци кои брзо продолжуваат понатаму по раскинувањето

од Stefanija Kuzmanovska
492 прегледи

Секој од нас на различен начин го поднесува раскинувањето. Но, има и такви за кои патењето е само губење време.

Токму тие умеат најбрзо да застанат на нозе по раскинувањето, да преболат и да продолжат со животот, најчесто како ништо претходно да не се случило.

Според астрологијата, овие се тие тројца среќници:

ОВЕН

Овните немаат потреба да страдаат по поранешната љубов – кога еднаш е готово, готово е засекогаш. По раскинувањето, никогаш не се активни баратели на нова врска, туку само го вклучуваат својот шарм и новата љубов доаѓа сама.

БИК

Колку и да страда, не дозволува таа тага и болка да го обземе. Бикот по раскинувањето ќе си даде доволно време да запознава нови луѓе и да избира, а во нова врска ќе влезе без да влече „багаж“ од минатото.

ЛАВ

Лавовите иако се емотивни и импулсивни, кога се раскинувањата во прашање, многу се разумни. Чувствуваат болка, но повеќе поради повредената гордост. Не страдаат долго, бидејќи се свесни дека тоа се случило со причина и дека ослободиле место за нешто далеку подобро.

Слични содржини