Хороскопски знаци кои вечно се во ПАНИКА И СТРАВ: Близнаците се на ВРВОТ, дали се пронаоѓате во ДРУГИТЕ ДВА?

од Берта Китинска

Има луѓе кои не можат да одолеат на тоа непријатно чувство во стомакот што ги прави нервозни. И додека некои се ладни и се однесуваат како ништо да не може да ги исфрли од рамнотежа, други не можат да ја задржат паниката, нервозата и стравот.

Очигледно и таму прстите ги вмешале ѕвездите, па некои се понервозни од другите. На врвот на листата се Близнаците. Не само што се нервозни, тие се постојано напнати, вознемирени и неодлучни.

Најтешко им е кога треба да донесат одлука. И кога конечно ќе „пресечат“, повторно не се задоволни и размислуваат „што би се случило кога би се случило“. Тие постојано размислуваат за предностите и недостатоците и ја доведуваат во прашање секоја одлука. Постојано имаат мисли во главата кои не им даваат мир и кои ги прават нервозни.

На второ место се Девиците кои секогаш имаат причина да бидат загрижени. Кога не се грижат за сопствениот живот, ќе најдат причина да се грижат за членовите на семејството, пријателите и сите останати на светот.

Сакаат секогаш да им бидат достапни на своите сакани, а тоа им создава голема нервоза која не им дава мир ниту дење ниту ноќе.

Рибите ги прави нервозни, од една страна, што се плашат од разни работи, а од друга страна, премногу им веруваат на луѓето. Затоа и не е чудно што постојано се во паника и под стрес.

Тие всушност се измачувани од голема количина на емоции со кои не можат да се справат и кои ги прават нервозни, а потоа реагираат прилично лошо и нерационално.

Слични содржини