Хоспитализиран австрискиот министер за финансии

од Stefanija Kuzmanovska

Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер е хоспитализиран поради повреда на главата по пад од електричен скутер, објавија медиумите во Австрија.

Австрискиот медиумски сервис ОРФ наведува дека инцидентот се случил синоќа кога Брунер се враќал дома откако учествувал на отворањето на зградата на парламентот по поправките на зградата.

ОРФ наведува дека Брунер ќе остане во болница неколку дена, пишува РИА.

Новинската агенција АПА објави дека состојбата на Брунер е оценета како „умерено сериозна“ и дека тој може да зборува.

Медиумите не прецизираа кога министерот ќе може да се врати на работа.

Слични содржини