Хоспитализирани 21 дете во Белград поради коронавирусот

од Nikola Popovski

21 дете е сместено на педијатрискиот оддел во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“во Белград, поради Ковид-19, изјави денеска управителот на болницата за детски белодробни заболувања во КБЦ , Оливера Остојиќ.

Остојиќ за српските медиуми изјавила дека има сè повеќе бебиња во детското одделение кои се лекуваат од опасниот вирус.

Според неа, најмладите пациенти имаат поблаги симптоми на болеста во споредба со постарите, но сепак на оние кои се отпуштаат од болницата како излекувани не им се советува да бидат физички активни три до шест месеци.

Слични содржини