Хоспитализирани млади пациенти на возраст над 30 години во Штип

од Берта Китинска

Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени  со делта сојот на коронавирусот. Слободни места има само за уште двајца пациенти.

Началничката на Инфективното одделение и на ковид центарот, Дијана Гајдарџиска-Шишикова за МИА вели дека денеска имаат 45 пациенти во модуларната болница, а пред неколку дена во функција е ставено и Кожното одделение, каде се хоспитализираат пациентите, кои веќе се стабилни по третманот во модуларната болница.

На оваа одделение имаат  десет пациенти. Забележува дека брзото полнење на болничките капацитети е во изминатите неколку дена се совпаѓа  и со бројките на новозаразени пациенти во источниот регион.

-Имаме млади пациенти на возраст над 30 години, ни доаѓаат во тешка здравствена состојба.Триесет и тројца или  околу 75 отсто од вкупниот број на  пациентите во модуларната болница се на кислородна поддршка, вели Гајдарџиска-Шишкова.

Слични содржини