Хоти: Да се тргнат пречките и да се обнови дијалогот со Србија

од Aleksandar Petrovski

Потпретседателот на косовската Влада од Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Авдулах Хоти изјави денеска дека Приштина треба да ги тргне пречките од претходната влада за да се обнови дијалогот за постигнување „мировен договор со Србија, со меѓусебно признавање“.

Хоти на својот фејсбук профил порача дека укинувањето на таксите на производи од Србија и Босна и Херцеговина е неопходно и дека тоа го бараат и пријателите кои го поддржуваат Косово во изминатите три децении.

– Пречките што сами си ги наметнавме не исклучуваат од овој процес и не и помагаат на Приштина, туку спротивно на тоа, порача Хоти.

Слични содржини