Хоти: Наскоро извештај за присуство на српската жандармерија на Косово

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, најави дека наскоро ќе има детален извештај за состојбата во селото Карачево, каде, според пратеникот на Самоопределување, Мефаиљ Бајчиновчи, се појавиле членови на жандармеријата на српското МВР.

„Нашите граѓани во тој дел нема да бидат без заштита на институциите. Нашите активности ќе бидат во согласност со Уставот и законите и ќе бидат добро координирани со сите механизми за безбедност во земјата“, изјави Хоти на Фејсбук, соопшти порталот „Коссев“.

Вчера, пратеникот на Самоопределување објави видео од Карачево кај Косовска Каменица, во кое, според него, може да се видат членови на српската жандармерија.

Тој ги повика косовските безбедносни институции да „реагираат итно да ги заштитат косовските граѓани, суверенитетот и територијалниот интегритет“.

Слични содржини