Хоти: Веднаш да се укине обврската за три вакцини за влез во Косово

од Milan1

Поранешниот косовски премиер, актуелниот пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Авдулх Хоти вели дека е загрижувачко тоа што косовската влада не се координира со Скопје, Тирана и Прешевската долина при донесувањето мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека добил многу пораки од албанскиот град Кукеш, од местата со мнозинско албанско население во јужна Србија, како и од Скопје и Тетово, со барање да се укине обврската за приложување доказ за примени три анти-ковид вакцини или две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест при влез во Косово.

Тој побара од неговиот наследник на чело на косовската Влада, Албин Курти, веднаш да ја укине таа одлука и да ги врати претходните мерки, со кои себараше потврда за примени две вакцини.

– Деновивие добив пораки и повици од Кукеш, Прешевската долина и Скопје и Тетово. Барањето за три дози ваквцина е навистина бесмислено. Загрижувачки е недостатокот на координација на Владата на Косово при донесување такви одлуки со владите во Тирана и Скопје, како и со прешевската градоначаничка, напиша Хоти.

Слични содржини