Храна која може да ја делите со вашето куче

од Vladimir Zorba

Ветеринарите генерално не препорачуваат да ја делите вашата храна со вашето куче, но има храна која е сосема безопасна и здрава за вашето домашно милениче.

„Дали моето куче може да го јаде ова“?

За да ви помогнеме да одговорите на ова прашање, составивме листа на дозволена храна за кучиња, која и ние ја консумираме.

Имајте на ум дека следнава храна за луѓето треба да му се дава на кучето како додаток или како дел од урамнотежена исхрана. Дополнителната храна не треба да сочинува повеќе од 25 проценти од исхраната на вашето куче.

Внимание: Пробајте по еден нов вид на храна за да бидете сигурни дека одговара на телото на вашето куче.

Ориз

Оризот е добар избор ако вашето куче има вознемирен стомак и има потреба од лесен оброк.

Постојат голем број на различни видови ориз. Кафеавиот ориз има малку повеќе протеини и малку помалку масти во споредба со белиот ориз. Белиот ориз е лесно сварлив јаглехидрат што го прави добар извор на енергија и особено е добар избор доколку имате постаро куче.

Свежо сирење

Богато е со протеини и калциум и е прилично благо; па може да биде добар избор ако сакате да додадете малку протеини во исхраната на вашето куче. Свежото сирење е млечен производ и некои кучиња не поднесуваат добро млечни производи, што треба да го имате на ум.

Грашок

Може да се додаде директно во храната на вашето куче, да се замрзне или одмрзне. Грашокот е добар извор на витамини од групата Б, тиамин, фосфор и калиум.

Путер од кикирики

Путерот од кикирики е здрав третман со висока содржина на протеини за кучињата. Пред да купите путер од кикирики, проверете колку шеќер содржи, бидејќи одредени количини шеќер можат многу лошо да влијаат на здравјето на кучето.

Ако вашето куче има проблеми со тежината, погрижете се за зачестеноста на давање путер од кикирики бидејќи ова вкусно задоволство има висока калорична содржина.

Магдонос

Долго време се сметаше дека магдоносот може да го намали лошиот здив на кучето, па следниот пат кога ќе подготвите храна за вашето куче, обидете се да додадете неколку лажици сечкан магдонос за дополнителен вкус и боја. Магдоносот може да биде и добар извор на калциум, калиум и бета-каротин.

Слични содржини