Храна која може да ви помогне да се ослободите од стресот?

од Elena Daskalova

Колку и да ви звучи неверојатно, постои храна која во себе има соединенија кои можат да ве усреќат. Затоа, време е да почнете да верувате во постоењето на антистрес храна.

Боровинка – за ова овоошје велат дека е кралица меѓу антистрес намирниците, а само десетина зрна боровинка ќе ви ја обезбедат потребната количина на витамин Ц кој ви е неопходен кога сте под стрес или сте нервозни.

Ореви, бадеми, лешници – богати се со цинк и магнезиум кои се одлични во борба против стресот, а витаминот Е што го содржат е одличен оксиданс.

Авокадо – ова овошје е вистинско мало чудо во борба против стресот бидејќи е богато со витамин Б и калиум, кој го снижува крвниот притисок.

Мисиркино месо – месото што содржи триптофан, есенцијална аминокиселина чија задача е да му нареди на мозкот да проиведува серотонин, хормон на среќата.

Риба – со јадење риба ќе се чувствуваме добро бидејќи таа содржи витамини Б6 и Б12, кои се најважни за синтеза на серотонин.

Слични содржини