Знаете дека за да се заштитите од вируси и грипови во студените месеци, треба да ги миете рацете често и да стоите настрана од раскиваните луѓе на работното место. Какво место сепак зазема здравата храна во превенцијата против настинки?Доктор Лаура Менинг дава корисни совети за тоа со што треба да се храните за да не се разболувате и еден бонус – истовремено со тоа да ослабнете!0f338e1f9fd5e55c48a8d6bdaf03dc3f

Еве и која е храната, која ќе ви помогне да кажете “збогум” на неколку килограми и која ќе ви обезбеди силен имунитет:

1. Портокали. Овие плодови се погодни за борба против многу болести. Портокалите се борат со вирусите и помагаат за регенерирање на ткивото и коските. Доктор Менинг сепак прецизира дека портокаловите плодови не можат да ви помогнат да не се разболите, но ќе се претворат во ваши верни пријатели, ако тоа сепак се случи.Сочниот вкус, пак, ќе ви помогне да го “убиете” гладот ​​за чоколадо и друго слатко задоволство.

2. Кељ. Во него се содржат многу антиоксиданси, кои го стимулираат имунолошкиот систем. Може да консумирате кељ со лук и маслиново масло, како и да го комбинирате со сирење.

3. Јогурт. Тој е многу погоден, како дел од здравиот појадок. Пробиотиците во утринската исхрана му помагаат на дигестивниот тракт да биде во добра форма. “Јогуртот делува како брава со клуч, која ги задржува најдобрите работи и ги отстранува лошите” сподели доктор Менинг.

4. Лук. И покрај специфичниот мирис, во студените месеци е убаво да додадете лук кон своите оброци. Тој е полн со антиоксиданси, кои дури и се борат против ракот. Доктор Менинг дополнува дека лукот и другите видови кромид се од едно семејство, па мора да се фокусирате на нивната потрошувачка. Тие ја прават храната повкусна, без да мора да додавате многу масти кон неа.

5. Чај и мед. Медот може да го смири грлото кога страдате од кашлица, на пример. Зелениот чај пак содржи антиоксиданси и е докажано дека го забрзува метаболизмот.

6. Пилешка супа. Жешката супа делува добро за прочистување на дигестивниот систем, протеинот од пилешко помага за обновување на вашите клетки, а во зеленчукот се содржат многу корисни материи. Имајте на ум дека, сепак, сами треба да си направите пилешка супа, бидејќи готовите варијанти содржат голема количина на конзерванси и натриум.

Слични содржини