Секоја дама сака штом се погледне во огледалото да ја види кожата млада и енергична . Со староста нашето тело почнува да произведува сè помалку колаген. Тоа значи дека постепено нашата кожа ја губи својата еластичност, цврстина, станува опуштена.7e013866d49a012543a278c022211c4d

Козметиката и козметичките третмани се добро решение, но постојат некои основни прехранбени производи, кои можат да направат чуда со вашата кожа, бидејќи помагаат за синтеза на колаген во организмот. Запомнете ги!

Супа со коски
Кога приготвувате јадење со пилешко, телешко, јагнешко или свинско месо, не ги фрлајте коските. Подгответе си супа од нив, додадете по желба зачини и зеленчук. Конзумирање на коскената супа е едно моќно средство за обновување на колагенот во кожата и начин да го одложите појавувањето на брчките.
Желатинот добиен од супа, исто така изобилува со колаген, го ублажува дигестивниот тракт, што од своја страна го забавува стареењето на кожата.

Зеленчук
Зеленчукот е суштински дел од секојдневниот оброк. Поткаснувајте почесто од темниот лиснат зеленчук како спанаќ, црвена зелка, кељ. Тие се со висока содржина на антиоксиданти, кои штитат од слободните радикали кои го уништуваат колагенот во кожата.

Не пропуштајте го и црвениот зеленчук како цвекло, домати и црвени пиперки, кои се богати со ликопен, кој го зголемува производството на колаген и ја штити кожата од штетното влијание на сонцето. Кон нив додадете и моркови, слатки компири, тиква, кои се натоварени со витамин А , кој обновува колагенот .
4c0c4fc87e96aec938f617582eaf3802Риба
Риби како скуша, лосос и туна се богати со корисни и важни за здравјето и младоста на кожата омега-3 масни киселини. Благодарение на овие киселини се обезбедува заштита на масната мембрана околу кожните клетки, што ја прави кожата да изгледа помлада и посвежа.
Честото консумирање на риба ќе помогне и во намалување на воспалението и обезбедување на есенцијални аминокиселини, кои ја одржуваат кожата поцврста и еластична .

Шумски плодови
Боровинки, јагоди, капини, малини … сите тие изобилуваат со антиоксиданси кои се борат со слободните радикали, ја заштитуваат кожата и помагаат за лачењето на колаген.

Лук
Лукот не само што ги зголемува заштитните сили на организмот, но помага и за обновување на колагенот во кожата, благодарение на липоичната киселина и таурин, кои се содржат во него. Тој исто така е одличен извор на сулфур, суштински дел од производството на колаген. Затоа е добро да јадете од него во текот на целата година.

Слични содржини