Хромбуците на Google ќе работат и со Windows 10

од desk4

Очекувањата, дека хромбуците (мобилни компјутери под управување на Chrome OS), ќе можат да работат и со оперативен систем Windows 10, се потврдија. Според публикации на форумот на XDA-Developers, моделите Pixelbook ќе ја поддржуваат платформата на Microsoft.

Претходно се појавија информации дека Pixelbook ќе подржува работа со два оперативни системи, но веќе е познато дека сопствениците на слични компјутери ќе можат да користат на еднаква основа секоја од двете платформи, а преминот од еден на друг ОС ќе се врши со гласовна команда.

Учесници на форумот XDA-Developers откриле во Pixelbook потврда на тоа, дека хромбуците ќе можат да работат како со Chrome OS, така и со Windows 10. Во иднина слична функционалност ќе стане домен и на други модели хромбуци.

Единствената карактеристика на овој тип компјутери за двоен оперативен систем е вградениот волумен на меморија – тој треба да биде поголем од 40 GB. Секој корисник ќе може лесно да инсталира Windows 10 на нивниот хромбук, без да биде програмер.

Слични содржини