Хрват крвнички претепал трудница во 9-ти месец (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Трудната муслиманка Рана Еласмар (31) брутално ја нападнал Стипе Лозина (43) во кафуле во Сиднеј.

Рана која е во 38 недела од бременоста вечерала со пријателките кога ја нападнал насилникот за кого се претпоставува дека има хрватско потекло. Лозина мирно дошол до жената нешто зборел, а потоа со боксови ја претепал жената. Ја удрил во глава околу 14 пати.

Пред ќотекот ја навредувал на национална и верска основа.

„Викаше дека муслиманите ја силувале неговата мајка“, изјави Рана.

Лозина побарал од судијата да го пушти на слобода со кауција, но тоа е одбиено. Треба да се најде на суд на 5 декември, а до тогаш останува зад решетки.

Повредената трудница е пуштена од болница, но има голем број модрици.

Слични содржини