Хрватите масовно се откажуваат од вакцините на „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska

Откако се појавија информации за смртни случаи по примањето на вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“, а многу земји привремено ја прекинаа употребата на оваа вакцина, Хрватите почнаа масовно да се откажуваат од вакцинацијата со оваа вакцина, пренесе „Нова.рс“.

Иако Крунослав Чапак, директор на Хрватскиот институт за јавно здравје и член на Националниот штаб, рече дека Хрватска не планира да ги суспендира вакцините и дека контроверзната серија вакцини не влегла во Хрватска, се чини дека граѓаните ја изгубија довербата во вакцината која е заеднички развиена од „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд.

Весна Поточки-Рукавина, докторка од Загреб, за „Јутарњи лист“ изјавила дека од 20 закажани пациенти, дури петмина се откажале денес.

„Ги повикавме следните пет пациенти, но ова што се случува не е добро. Моите колеги исто така ми кажуваат дека од 20 пациенти, двајца до пет се откажуваат“, навела таа.

Поточки-Рукавина истакна дека вакцината е најважното оружје во борбата против пандемијата и дека граѓаните треба да имаат доверба во науката.

„Ако нашите регулаторни институции велат дека вакцината е ефикасна и безбедна, тогаш е така. Ние мора да веруваме во тоа“, рече таа.

Слични содржини