Хрватска: 11 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа, 40 повредени

од Vladimir Zorba

Неколку лица загинаа, а поголем број се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 05:40 часот на автопатот А4 во правец кон Загреб, меѓу градовите Јарек Бишашки и Подворец, кога автобус со полски национални таблички излета од патот, соопштија од хрватската полиција.

Агенцијата „Хина“ неофицијално дознава дека загинале 11 лица.

Од полициската управа Вараждин кусо соопштија дека на местото на несреќата, покрај полициски службеници од полициската управа Вараждин и Загреб, биле ангажирани и неколку екипи на Брза помош и противпожарна единица од двете жупанија.

Порталот „Индекс“ тврди дека две лица загинале на лице место, а повеќето од 40-те повредени се со полесни повреди, додека неколку лица се пренесени во болница.

Сообраќајот на автопатот А4 во правец кон Загреб се одвива по една коловозна лента со регулација на полициски службеници.

Слични содржини