Хрватска им станува омилена дестинација на Американците

од Stefanija Kuzmanovska

Хрватска се најде меѓу најпребаруваните дестинации во САД, во периодот по завршување на карантинот, покажуваат податоците на Електронскиот систем за авторизација на патувања, којшто објавува преглед на дестинации што корисниците најмногу ги пребаруваат.

Според објавените податоци, Хрватска со над 810.000 прегледи на Google го зазема 14-тото место најпребарувани дестинации. Водечка е Италија, а меѓу најпребаруваните се најдоа и: Малдиви, Мексико,Тајланд, Шпанија, Канада, Грција и други, пренесува Seebiz.

Дека Американците се подготвени да патуваат во странство на почетокот на 2021 година покажуваат и податоците на американското друштво за патничко осигурување Squaremouth.

Податоците покажуваат дека 65% од сите резервации за следната година се однесуваат на меѓународни дестинации коишто чинат 86% од сите планирани патувања во јануари и февруари 2021 година.

Слични содржини