Хрватска изгубила 500.000 луѓе работна сила во последните десет години – од 2008 до 2018 година. Ова го тврди Даворко Видовиќ, советник за труд и вработување во Хрватската стопанска комора (ХСК)

Како што објаснува Видовиќ, од вкупно половина милион работници, околу 200.000 заминале од природни причини, т.е. поради стареење или пензија, додека 300.000 се дел од миграцискиот бран.

Приватниот сектор исто така предупредува дека состојбата е загрижувачка веќе некое време, при што најголемиот проблем се појавува за време на туристичката сезона.

За да се намали овој негативен тренд, ХСК најави укинување на квотите за странските работници. Покрај тоа, планот е да се интегрираат некои луѓе на пазарот на трудот и да се спречи емиграцијата, а хрватската служба за вработување е вклучена во финансирање преку Европскиот социјален фонд.

Слични содржини