Актуелно
Почетна / Актуелно / Хрватска ќе бара расветлување на смртта на Слободан Праљак

Хрватска ќе бара расветлување на смртта на Слободан Праљак

Хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ денеска изјави дека државата ќе бара одговори од Хашкиот трибунал за смртта на поранешниот командант на силите на босанските Хрват, Слободан Праљак, кој почина откако во судница испи отров.

Бошњаковиќ најави дека Хрватска ќе побара од властите во Холандија да бидат вклучени во истрагата за смртта на Праљак. Тој додаде дека дека многу нешта за смртта на Праљак остануваат нејасни, вклучително како отровот бил внесен, зошто обезбеудвањето не реагирало навреме и зошто медицинската помош пристигнала доцна.

loading...