Хрватска: Објавена снимка од нападот врз полицајците пред Владата

од Vladimir Zorba

Денска во Полициската управа започна прес-конференција на полицијата и надлежното Државно правобранителство, во врска со истрагата за кривичното дело повеќекратно убиство во обид со елементи на тероризам, извршено изминатиов понеделник на плоштадот Св. Марко во Загреб, пренесе Јутарњи.

На почетокот на прес-конференцијата беше прикажано видео од нападот врз полицајците на плоштадот. Се било снимено од надзорни камери.

– Со оглед на овој трагичен настан и големиот интерес на јавноста и разни шпекулации, тука презентиравме дел од фактите за да видиме што всушност се случило. Ова беше обид за три тешки убиства на полицајци. Неколку тимови од криминалистичката полиција, но и целата полиција се вклучени во собирање информации поврзани со младиот човек кој го извршил ова дело. Исто така, сакам да изразам сочувство до семејството на младиот човек кој беше убиен, бидејќи сè укажува на тоа колку прашањето за радикализација може да влијае на однесувањето и да доведе до тешки последици. Ние исто така можеме да потврдиме дека има елементи за извршување на терористичко дело. Продолжуваме понатаму со обемни мерки и активности за расветлување на сите околности на овој настан, изјави началникот на полицијата Никола Милина.

loading...

Слични содржини