Хрватска остана без околу 200.000 жители, поразителна демографска слика

од Stefanija Kuzmanovska

За само седум години, од 2013 година, кога влезе во ЕУ, па до крајот на 2019 година, Хрватска остана без околу 200.000 жители, произлегува од новите проценки на државната статистика.

Според овие податоци, пренесени од „Индекс.хр“, на крајот на 2012 година, во пресрет на пристапувањето во Унијата, Хрватска имала нешто повеќе од 4,26 милиони жители, а на крајот на 2019 година нешто помалку од 4,06 милиони жители.

Порталот наведува дека поразителната демографска слика е последица на негативниот природен прираст, односно поголем број на смртни случаи отколку раѓања, но и на многу поголема масовна емиграција што е резултат на отворање на пазарот на трудот на другите членки на ЕУ за хрватските граѓани.

Жељко Ловринчевиќ од Загребскиот економски институт посочи дека со вакво намалување на бројот на жители, Хрватска ќе изгуби град со големина на Осиек во следните пет години.

Оние кои ја напуштаат Хрватска најчесто ја наведуваат неможноста да најдат работа или незадоволство од работата доколку имаат мали плати.

Слични содржини