Хрватска: Синдикатите за образование ќе штрајкуваат до исполнуање на барањата

од Maja Serafimova

Синдикатите за образование ќе штрајкуваат денеска во основните и средните училишта низ цела Хрватска и ќе продолжат со фронталниот штрајк до понатамошно известување, или додека не се исполни барањето или договор со Владата.

Синдикатот на хрватските наставници и Независниот синдикат на вработени во средните училишта одлучија да штрајкуваат денеска во сите жупании, и дека после тоа штрајкот ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања, јавија хрватски медиуми цитирајќи го генералниот секретар на Независниот синдикат на вработени во средните училишта Нијаз Кариќ.

-Ќе штрајкуваме се додека не се исполнат нашите барања. Ова е едногласна одлука на двата синдиката, потврди Кариќ.

Лидерите на синдикатите денеска ќе ги претстават резултатите од синдикалниот референдум меѓу членовите и штрајкувачите на прес-конференција.

Според податоците што ги презентираа минатата недела, понудата на владата беше одбиена со повеќе од 95 проценти од гласовите.

Најновата понуда на владата нуди зголемување на основата за плата за 6,12 проценти следната година, изработка на анализа за плати во јавниот сектор, која исто така вклучува и коефициенти, и договор за додаток на плата од два процента, доколку владата не измени регулатива за коефициент до 30 јуни.

Слични содржини