ХРВАТСКИ ЛЕКАР ОБЈАСНУВА: Се враќа зимски ковид, ќе биде полошо од претходно, но ова може да ни помогне

од Aleksandar Petrovski

Хрватскиот професор д-р Гордан Лауц рече дека се враќа зимскиот ковид, болест што има потешки симптоми и поголема смртност отколку во последните шест месеци.

Тој додаде дека поради климата во Хрватска нема такво ненадејно зголемување како во другите европски земји.

„Сите параметри што ни помогнаа да не се заразуваме во текот на летото веќе ги нема. Постои и проблем со греење кој многу лошо го суши воздухот. Не е добар и ќе биде уште полошо во наредните месеци”, рече Лауц.

„До летото верувавме дека овој вирус не е аеросолен, а сега се покажа дека е. Не е доволно да се вдиши еден вирус, потребно е да се вдише голема количина на вирус за да се зарази. Затоа е важно да се вентилира просторот”, рече Лауц.

Тој посочи дека огромното мнозинство болеста ќе ја прележи без поголеми симптоми и нема да умре, но со оглед на тоа дека вирусот е многу заразен, можно е голем број луѓе да имаат потешки симптоми и можеби нема да има капацитет за нивно лекување.

На прашањето дали некое лице може да биде заразено двапати, Лауц рече дека тоа е нешто што се случува, но според достапните податоци тоа е исклучок, а не правило.

„Откако ќе ја преболите болеста, ќе бидете заштитени некое време. Кој ја прележи оваа болест во текот на летото, најверојатно нема да добие потешка форма на болеста оваа зима, и сè уште не знаеме дали тој дали ќе биде заштитен следната година”, рече Лауц.

loading...

Слични содржини