Хрватски водител откри како да се заштитите од 5г мрежа: Сите зборат за овој изум (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

„Можеби луѓето ќе ве погледнат малку чудно, но научени сме на тоа деновиве, здравјето е поважно од се колку и глупави да испаднеме“, рече Зоран Шпрајц, хрватскиот водител, на сите теоретичари на заговор, правејќи будали од нив на РТЛ.

„Ние им го должиме тоа на неколку наши гледачи, кои по емисијата минатиот четврток, побараа од нас да го испитаме влијанието на 5G зрачењето врз ширењето на коронавирусот“, рече Шпрајц.

Како што рече, новинарите веднаш се фатиле за работа и откриле дека 5G и короната немаат никаква поврзаност, но за секој случај, научниците од Институтот Давор Домазет Лошо измислиле заштита за лицата кои имаат проблеми со 5G мрежата.

– Станува збор специјална прекривка за главата, која лесно можете да ја направите самите, потребен е обична инка за вино или вода, сакам кога станува збор за вино, и алуминиумска фолија за да ја завиткате. Важно е дека инката е од пластика, а не лимена, затоа што пластиката дополнително апсорбира 5G зрачење ако алуминиумската фолија не успее да ја отфрли. Инката потоа се става на главата и лицето е целосно заштитено од 5G, но исто така и од 4G и 3G зрачење за кои слабо се зборува, но никој никогаш не знае – вели Шпрајц, исмејувајќи ги теоретичарите на заговор кои ги исполнуваат социјалните мрежи со глупости околу 5G опасности деновиве.

„Не е неопходно да носите инка додека сте во куќата, но ако излезете надвор, дефинитивно треба да ја ставите, луѓето може да ве погледнат малку чудно, но го научивме тоа деновиве, здравјето е поважно од сè колку и да испаднеме глупави“, тврди тој.

„Така ќе одам сега да излезам, затоа топло ве поздравувам и ви посакувам пријатен викенд. Добра ноќ”, рече на крајот Зоран Шпрајц.

Слични содржини