Актуелно
Почетна / Актуелно / Хрватскиот сабор ја почна седницата со минута молчење за Праљак

Хрватскиот сабор ја почна седницата со минута молчење за Праљак

Хрватскиот сабор утрово ја продолжи вчера прекинатата седница откако беше објавено дека хашкиот осуденик Слободан Праљак изврши самоубиство со труење во судница.

Седницата денеска почна со минута молчење, но партиите од левицата беа надвор од салата затоа што не сакаа да учествуваат во овој чин.

Потоа беше прочитана изјавата на Претседателството на Саборот по повод второстепената пресуда на Хашкиот трибунал со кој се потврди казната за Јадранко Прлиќ, Бруно Стојиќ. Слободан Праљак, Миливој Петковиќ, Валентин Ќориќ и Берислав Пушиќ.

„По вчерашната расправа, Клубовите на пратеници се усогласија во оценката дека жалбената пресуда не ја уважува историската вистина, фактите и доказите и дека таа е неправедна и неприфатлива. Со овој трагичен чин на одземање живот, генералот Слободан Праљак, на симболичен начин укажа на сета неправедност на жалбената постапка“, рече Гордан Јандроковиќ, претседател на Саборот, кој изрази сочувство до неговото семејство.

Саборот изрази сочувство и до сите семејства на жртвите на злосторствата во војната во БиХ.

loading...