Хрватскиот суд го осуди српскиот актер Трифуновиќ

од Nikola Popovski
34 прегледи

Актерот Сергеј Трифуновиќ доби затворска казна од 60 дена, која нема да ја одлежи доколку во рок од една година не го стори истото дело, пренесува „Слободна Далмација“.

Откако беше уапсен и однесен во Сплит, ќе му се бројат 59 дена условна казна.

Трифуновиќ ќе треба да плати судски трошоци во износ од 150 евра, при што се откажал од правото на жалба.

Пресудата е правосилна.

На актерот му е вратен пасошот, а во изјава за „Слободна Далмација“ вели дека „и онака ќе стане државјанин на Република Хрватска бидејќи неговата сопруга е од Риека“.

Да потсетиме, Трифуновиќ беше уапсен во понеделникот вечерта на граничниот премин меѓу Србија и Хрватска – Бајаково, а во Сплит бил сослушан во полициска станица поради текстови со недолична содржина што претходно ги објавил на социјалните мрежи, во кои ги навредувал полицајците.

Слични содржини