Хуан Карлос ја напушта Шпанија поради финансиски скандал

од Vladimir Zorba

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос I изјавил дека ја напушта Шпанија и дека ќе живее во друга земја заради финансискиот скандал што ги одбележа последните години на неговото владеење. Истрагите се започнати во Шпанија и Швајцарија заради милиони евра што наводно кралот на Саудиска Арабија наводно му ги дал на поранешниот крал.

Писмо од Хуан Карлос до неговиот син, кралот Фелипе VI, денес беше објавено на веб-страницата на шпанското кралско семејство, во кое се информира за „намерна одлука да ја напушти Шпанија во овој период“.

Бидејќи Врховниот суд на Шпанија ја отвори истрагата оваа година, шпанските медиуми објавуваат сведочења од посебна истрага во Швајцарија, за милиони евра што Хуан Карлос наводно ги дал на починатиот крал на Саудиска Арабија, Абдула.

Хуан Карлос тогаш, наводно, префрлил голем дел од тие пари на поранешен пријател, за кој иследниците сметаат дека е можен обид да се сокријат парите од властите.

Финансискиот скандал, вклучително и истрагите во Шпанија и Швајцарија, неодамна шпанскиот премиер Педро Санчез гi опиша како „вознемирувачки“.

Поранешниот 82-годишен крал е заслужен за помагање на Шпанија во обновата на демократијата по смртта на повеќедеценискиот фашистички диктатор Франциско Франко во 1975 година.

Сепак, тој абдицираше во корист на својот син во 2014 година, по скандалите што ги одбележаа последните години на неговото владеење. Така тој го изгуби имунитетот што Уставот му го гарантира на шефот на државата.

По наводите во медиумите дека кралот Фелипе бил обележан како корисник на оф-шор сметка, со 65 милиони евра од подарокот, што неговиот татко го добил од Саудиска Арабија, тој се одрекол од секое наследство што може да го добие од поранешниот крал.

Слични содржини