Huawei форсира развој на сопствена платформа

од Vlatko K

Мобилниот оперативен систем на Huawei, за кој шефот на компанијата Ричард Ху соопшти во март,
веќе има специфично име. Тој се вика Hongmeng и според прелиминарните информации ќе биде
универзален – за компјутери и паметни телефони, соопшти huaweicentral.

Не се прецизира дали Hongmeng е кодно име на новиот оперативен систем или така ќе се нарекува
и комерцијалниот производ, кога ќе излезе на пазарот со уредите на кинеската компанија, која во
моментов е под голем притисок од страна на САД.

Huawei развива сопствена мобилна платформа од 2012 година. Засега нема објавени рокови за
пуштање на системот, но предвид напнатата ситуација и изгледите смартфоните на Huawei да
останат без поддршка од Google и Android, можно е Hongmeng да се појави уште во наредните
месеци.

Кинескиот производител веќе ја користи платформата на своите мобилни уреди. Се тврди дека
уште од минатата година, Huawei очекувал проблеми со поддршката на Android, откако се дозна
дека компанијата развива алтернатива на платформата на Google.

 

о моментов нема технички детали за новиот оперативен систем и дали ќе работи со класични
Android апликации. Ако недостасува таква можност, Hongmeng тешко ќе се наметне на пазарот – за
што сведочи историјата на Windows Phone, Symbian и други мобилни платформи кои се судрија со
недостиг на апликации.

Претходно, Huawei ја тестираше платформата Fuchsia OS на некои од своите паметни телефони.
Иако резултатите не беа објавени, веројатно е дека овие испитувања помогнаа компанијата да го
подобри својот сопствен систем.

Слични содржини