Huawei го одложи пуштањето на Mate X за три месеци

од Vladimir Zorba

Huawei ќе го одложи за три месеци пласирањето на својот смартфон Mate X. Тоа е уште еден проблем за компанијата, која во мај беше погодена од американските санкции, пренесува „Ројтерс“.

Mate X, конкурент на Galaxy Fold на Samsung Electronics, се очекува да биде пуштен глобално во септември, коментира Винсент Пан, шеф за корпоративни комуникации на Huawei, зад кулисите на конференцијата WSJ Tech D.Live во Хонгконг.

Уредот првично беше закажан за пазарна премиера во јуни.

Одложувањето се случува во момент во кој смартфоните на Huawei остануваат без надоградби од оперативниот систем Android, откако САД забранија на локалните компании да работат со кинеската фирма.

Пан сепак негира дека одложувањето на продажбата на смартфонот е поврзано со забраната, додавајќи дека Huawei е во во процес на сертификациски тестови со голем број телекоми, кои се очекува да бидат завршени во текот на август.

Пред „Ројтерс“, Пан прокоментира дека во рок од девет месеци Huawei, втор по големина производител на смартфони во светот, може да го пушти својот оперативен систем Hongmeng, кој се тестира.

„Се разбира, ги претпочитаме Google и Android, бидејќи ние сме партнери со години“, вели Пан, кој е и потпретседател на Huawei. „Но, ако околностите не принудат, можеме да го пуштиме Hongmeng во рок од шест до девет месеци“.

Hongmeng е базирана на верзија на Android, која е јавно достапна преку отворен код и е првенствено создадена за паметни телефони, тврди Пан. Hongmeng ќе поддржува и други уреди во подоцнежна фаза.

Google порано изјави дека повеќе нема да го обезбедува софтверот Android за смартфоните на Huawei, откако ќе истече одложувањето од 90 дена, кое Владата на САД го даде и кое истекува во август.

Huawei аплицира за заштита на трговската марка Hongmeng во голем број земји, што покажува дека има резервен план за клучни пазари.

Слични содржини