Huawei HiAI 2.0 платформата ќе го олесни навлегувањето на вештачката интелигенција

од Vlatko K

Третото издание на конференцијата Huawei Eco-connect Europe ја донесе и веста за официјалниот
старт на отворената платформа HiAI 2.0, која има за цел да го олесни развојот на технологии за
вештачка интелигенција, кои работат во мобилни уреди. Новото издание им обезбедува на
програмерите отворен екосистем и им обезбедува можност да ги искористат можностите на
чипсетите на Huawei, уредите и облачните услуги преку HiAI Foundation, HiAI Engine и HiAI Service.

Интересно е дека премиерата на HiAI 1.0 беше во април оваа година, а според компанијата,
обезбедувањето на пристап до потребните алатки и API за развој го забрзало создавањето на
апликации и ја намалило комплексноста. Неколку месеци подоцна, компанијата е подготвена и со
HiAI 2.0, што е показател за напорите кои ги вложува во областа на вештачката интелигенција.
Новата верзија ветува подобри перформанси, поразновидни API-и и подобра поддршка за повеќе
уреди.

HiAI 2.0 ги вклучува компонентите HiAI Foundation, HiAI Engine и HiAI Service кои работат во
синхронизација. Првата дава пристап до можностите на чипсетот како поддршка со различни ВИ
системи и оператори, како и до зголемени способности запресметување. Платформата ги користи
способностите на Kirin 980 и на неговиот двоен NPU чип кој обезбедува двапати поголема брзина
на препознавање на слики спрема Kirin 970 или до 4.500 во минута.

HiAI Engine нуди пристап до разни API-и за брзо вградување на клучните функции во надворешните
апликации. Пример за тоа е функцијата AI Spotlight Reel од уредите во новата серија Mate 20, која
може да идентификува клипови со одредено лице, а потоа да создаде 10 секунди монтажа со него.
Тука се користи препознавање и категоризација на лица преку AI Engine. HiAI сервисот обезбедува
врска помеѓу услугите и потребите на потрошувачите, така што програмерите можат побрзо да ги
шират своите услуги.

Слични содржини